DigIn – Дигитализација и инклузивно образование

никој да не заостане во дигиталната ера

Illustration-1

За проектот "ДигИн"

Со цел да го спречат ширењето на Ковид-19, во последниве две години владите ширум светот ги затвораа училиштата, што резултираше со нова норма во образовниот сектор: учење на далечина.

Ако до сега и не беше доволно јасно, денес учењето на далечина недвосмислено ни покажа како различните состојби во училиштата влијаат врз образовните резултати на нивните ученици. Како што видовме од прва рака, постојните нееднаквости меѓу учениците се зголемуваа, што доведе до тоа темите на правичноста во образованието и еднаквите можности да бидат најексплоатирани теми во истражувањата поврзани со образованието.

Додека, од една страна, многу училишта решија да се соочат со предизвикот и развија ефективни форми за учење на далечина, некои, сепак, заостанаа, што, од друга страна, резултираше со тоа дел од учениците да останат без пристап до квалитетно образование, особено учениците со попреченост. Кризата предизвикана од Ковид-19 придонесе кон нагласена исклученост на овие ученици од образовниот процес, потврдувајќи го фактот дека тие имаат најмалку шанси да се здобијат со корист од учењето на далечина.

Наставниците, исто така, мораа да се прилагодат на новите педагошки предизвици, што ги принуди да развијат нови педагошки пристапи и начини на поучување. За жал, повеќето наставници не беа обучени за примена на овие методи, немааа добиено доволно насоки и немаа ресурси за тоа како најдобро да ги вклучат учениците со попреченост во часовите на далечина.

Клучно за надминување на овие пречки е зајакнувањето на профилите на наставниците кои се дел од образовното милје полно со вакви предизвици. Тоа е, впрочем, и целта на нашиот проект – "Дигитализација и инклузивно образование: никој да не заостане во дигиталната ера" (ДигИн/DigIn).

Со зајакнување на професионалното портфолио на наставниците – односно преку споделување на сознанија и професионално усовршување на наставниците од различни возрасни групи и различни типови на училишта кои работат во инклузивното дигитално образование – се надеваме дека ќе го зголемиме учеството на учениците со попреченост во дигиталното образование.

Illustration-2

Резултати

Онлајн курс за наставници: "Дигитализација и инклузивно образование"

Онлајн курсот за наставници ќе биде поставен на iMooX платформата. Курсот е со отворен пристап, што значи дека секој кој е заинтересиран може да пристапи бесплатно, во било кое време и од било кое место. Истиот е достапен на 7 јазици: англиски, германски, италијански, српски/босански/хрватски и македонски јазик.

Курсот се состои од 5 модули.

The course starts on 31 March 2023.

Прирачник (Toolkit) со
примери од праксата 

Замислен како инспирација за наставниците каде што можат да пристапат до успешни приказни за дигиталните технологии, овој дидактички прирачник за инклузивно дигитално образование може да се чита онлајн или во печатена форма (испечати).

Примерите од добра пракса посочуваат позитивни примери на наставници кои допираат до сите деца и ги едуцираат подеднакво, како учениците со попреченост, така и нивните врсници со типичен развој, a во инклузивни услови во редовните училишта.

Алатки за проверка

Овде ќе најдете насоки за пристапноста и употребливоста на наставните материјали и алатки.

In-Check

To-Check

Публикации

Поврзани академски
публикации

Поврзани публикации
од праксата

Билтени

Билтени 1

Билтени 2

Билтени 3

Партнери во проектот

"ДигИн" е проект од програмата Еразмус+ Партнерства за подготвеност за дигитално образование. Референтниот број на проектот е: 2020-1-AT01-KA226-SCH-092523.

Шесте партнери во проектот се од четири држави: Австрија, Босна и Херцеговина, Италија и Северна Македонија.

Партнерите претставуваат четири типа на образовни институции - три универзитети, едно основно училиште и две граѓански организации од областа на (инклузивното) образование.

Кликнете на логоата на партнерите за да добиете повеќе информации за нив.

Illustration-3
Project-partner-1
Project-partner-4
Project-partner-2
Project-partner-3
Project-partner-6
Project-partner-5

Македонскиот репрезентативец

Rozita Petrinska Labudovikj,  
Образование за сите Скопје 

Milica Timcevska, 
Општинско основно училиште „Христијан Карпош“ Куманово

EU Disclaimer

The European Commission's support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Co-funded by the
Erasmus+ Programme
of the European Union

EU-Flag